Освоени значајни бодови против искусниот тим на Радовиш

//Освоени значајни бодови против искусниот тим на Радовиш

Освоени значајни бодови против искусниот тим на Радовиш

Младите момци на Голен Арт КЛ7 дојдоа до голема победа над фаворитот РК Радовиш во Суперлигата. Откако во второто коло на гостувањето во Радовиш загубија со 33:29, овој пат се „одмаздија“ за тој пораз и забележаа убедлива победа од 31:26.

Лошо стартуваа нашите момци, па дозволија поискусниот гостин да отвори со серија од 1:4, брзо ги консолидравме нашите редови па после 10 минути игра успеавме да се вратиме и да го израмниме резултатот на 6:6. Потоа следеше игра гол за гол, се до 25 мин кога Радовиш повторно ја врати највисоката предност од три погодоци односно 10:13. Последните пет минути од првиот дел нашите момци ги одиграа на високо ниво, со серија од 5:1 дојдоа и до првото водство на денешниот натпревар. а после 30 минути игра резултатот гласеше 15:14.

Во вториот дел продолживме со одличната игра, не дозоливме противникот резултатски да се приближи, па после седум игра во вториот веќе имавме и предност од четири погодоци, 20:16. Имавме напад за пет разлика но неискуството на овие млади момци си го направи своето па на крајот натпреварот влезе во драматична завршница.

Гостинот дојде на само еден погодок предност (26:25) но повторно следеше одличен и трезвен период на нашите момци по што во последните минути ги искористија неколкуте грешки на Радовиш за убедлива победа од 31:26. Повторно одличен натпревар имаше голманот Петковски кој забележа 19 интервенции, додека Симоноски го заврши натпреварот со 10 погодоци, Димовски со седум, а Ѓорговски со шест погодоци.

Ова беше четврта победа за Голден Арт КЛ7 во Суперлигата. Следното коло нашите момци ќе гостуваат кај екипата на РК Пролет 62.

Голден Арт КЛ7 – РК Радовиш 31:26 (16:15)

Голден Арт КЛ7: Џигероски 1, Стојков 2, Крстески 1, Цветаноски, Гучески 1, Симоноски 10, Илиески, 1, Димовски 7, Василевски, Темелкоски, Ѓорговски 6, Јорданов, Буторац, Стојковиќ, Гајиќ, Петковски.

Седмерци: 2/3 Исклучувања: 4 мин

2020-11-26T07:52:14+00:00 November 25th, 2020|КЛ7|0 Comments