Во квалитетен и неизвесен натпревар ГРК Охрид го победи дебитантот Голден Арт КЛ7

//Во квалитетен и неизвесен натпревар ГРК Охрид го победи дебитантот Голден Арт КЛ7

Во квалитетен и неизвесен натпревар ГРК Охрид го победи дебитантот Голден Арт КЛ7

Во натпревар кој во многу се разликуваше од оној одигран во првото коло помеѓу првиот фаворит во групата, ГРК Охрид и дебитантот Голден Арт КЛ7, домаќинот во последните 15 минути создаде разлика која на крајот значеше и конечна победа.

Домаќините одлично го започнаа натпреварот со серија од 3:1, но нашите момци вратија со своја серија од 1:3 за израмнување на резултатот 4:4. ГРК Охрид неколку пати се обиде резултатски да се одлепи и тоа му успеа пред самиот крај на првиот дел, кога прв пат дојде до максимални 15:10. Но тогаш повторно следеше наша одлична серија од 0:4, па на крајот од првиот дел дојдовме до само еден погодок негатива, 15:14. Во овој дел од мечот на висина на задачата беше нашиот чувар на мрежата, Андреј Петковски.

Вториот дел го стартуваме идентично како и почетокот на натпреварот, одржувајќи го резултатот на -1 за противникот се до средината на второто полувреме, кога при резултат 16:15, одличниот на нашиот гол Петковски имаше неуспешен обид за контра, по која натпреварот го промени својот тек и за кратко време, користејќи го неискуството на нашите млади играчи, ГРК Охрид се одвои на +5, разлика која беше актуелна се до последните неколку минути. На крајот резултатот гласеше 27:24.

Ова беше трет пораз за нашата екипа во седмото коло на ракометната Суперлига, додека екипата на ГРК Охрид и после седум одиграни кола остана со 100% ефект. Следеното коло го играме во среда на домашен терен против екипата на РК Радовиш.

ГРК Охрид – Голден Арт КЛ7 27:24 (15:14)

Голден Арт КЛ7: Петковски, Петрески, Гучески 2, Гајиќ, Цветaноски 1, Ѓорговски 3, Илиески 1, Џигероски 2, Димовски 3, Буторац 3, Темелкоски 2, Стојков 3, Јорданов, Симоноски 4, Крстески, Стојковиќ

Седмерци: 2/5 Исклучувања: 6 мин

2020-11-22T18:17:13+00:00 November 22nd, 2020|КЛ7|0 Comments