Групата А од Суперлигата ставена во мирување 15 дена!

//Групата А од Суперлигата ставена во мирување 15 дена!

Групата А од Суперлигата ставена во мирување 15 дена!

Откако ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека во нашиот клуб откако се изврши Ковид 19 тестирање во Клиника Жан Митрев на комплетниот играчки кадар, стручниот штаб и комплетната логистика на клубот, по кое се откриени 16 Ковид-19 позитивни резултати, РФМ донесе одлука Групата А од Суперлигата да биде ставена во мирување во наредните 15 дена.

Откако ќе изминат овие 15 дена, повторно ќе биде извршен скринин на сите екипи пред продолжението на сезоната.

До сега нашите момци одиграа два натпревари каде забележаа два порази, против екипите на ГРК Охрид и РК Радовиш.

2020-09-17T11:37:48+00:00 September 17th, 2020|КЛ7|0 Comments