Голден Арт КЛ7 не успеа да го изненади домаќинот Радовиш

//Голден Арт КЛ7 не успеа да го изненади домаќинот Радовиш

Голден Арт КЛ7 не успеа да го изненади домаќинот Радовиш

Нашите млади момци во второто коло од Суперлигата забележаа и втор пораз, овој пат на гостувањето во Радовиш. Доколку во првиот натпревар против Охрид имавме подредена улога и за брзо време беше познат победникот, не беше така во второто коло на тешкото гостување против далеку поискусниот Радовиш, екипа која долго време се натпреварува во Суперлигата.

Натпреварот започна со серија на домаќинот од 3:1, но нашите момци брзо се вратија и израмнија на 3:3. Пропуштивме неколку шанси да го превземеме водството, а тоа добро го искористи Радовиш кој поведе и ја задржа предноста. Не дозволивме противникот резултатски да се „одлепи“, бевме блиску на неколку наврати да израмниме, но неискуството на нашите млади момци беше решавачко во неколку ситуации и за на крајот Радовиш заслужено да ја забележи својата прва победа оваа сезона со конечен резултат 33:29.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАТПРЕВАРОТ РК РАДОВИШ – ГОЛДЕН АРТ КЛ7

Нашиот тренер Андон Бошковски им даде шанса на сите играчи во текот на целиот натпревар, а дури осум од нив се запишаа во листата на стрелците со повеќе од два погодоци.

Голден Арт КЛ7 во петок го очекува нов дуел и повторно со искусен суперлигаш, екипата на РК Пролет 62, која е еден од главните претендите за плеј оф, додека понеделник гостуваме во Струга.

РК Радовиш – Голден Арт КЛ7 33:29 (17:15)

Голден Арт КЛ7: Стојков 2, Крстески 3, Цветаноски, Буторац, Даев, Ѓоргиев, Петрески, Каковски 5, Илиески 6, Димовски 4, Темелкоски 3, Ѓорговски 3, Стојковиќ, Гајиќ 3, Петковски

Седмерци: 4/5 Исклучувања: 4 мин

2020-09-15T09:25:57+00:00 September 15th, 2020|КЛ7|0 Comments