Голден Арт КЛ7 од утре стартува со тренажниот процес

//Голден Арт КЛ7 од утре стартува со тренажниот процес

Голден Арт КЛ7 од утре стартува со тренажниот процес

Новиот суперлигаш, ракометниот клуб Голден Арт КЛ 7, од утре ги започнува своите тренинзи, ќе се работи согласно донесениот протокол од страна на РФМ, почитувајќи ги сите препораки за тренирање во услови на пандемија.

Вчера играчите веднаш по пристигнувањето од своите места на живеење прво беа упатени на скрининг тестови за Ковид 19 спроведени од страна на “Жан Митрев Клиник”.

Како одговорен колектив кон заедницата кој дејствува крајно професионално , Управниот одбор на Голден Арт КЛ 7 одлучи на скрининг тестови да подлежат не само играчите од првиот тим туку сите селекции. Почнувајќи од кадетска, младинска и сениори (63 играчи) како и стручниот штаб, логистиката, односно сите кои се дел од Голден Арт КЛ7. Само кај еден играч тестот треба да се повтори.

Во соработка со нашиот медицински партнер кој се грижи за здравјето на сите наши селекции “Жан Митрев Клиник” течат и спортските прегледи. Така што првиот тренинг во групи според пропишаните меркии ќе биде утре на отворен терен.

Во август тимот заминува на подготовки во Охрид а првиот суперлигашки натпревар односно нашето деби го имаме е на 12/ 13 септември.

2020-07-25T13:42:44+00:00 July 25th, 2020|КЛ7|0 Comments