Победа и пораз за Македонија на првиот ден на Медитеранските Игри во Атина

//Победа и пораз за Македонија на првиот ден на Медитеранските Игри во Атина

Победа и пораз за Македонија на првиот ден на Медитеранските Игри во Атина

Вчера започнаа 17 Медитерански Игри во машка конкуренција (генерација 2002) кои се одржуваат во Атина. Македонија е дел од овие игри, а КЛ7 со четири свои преставници, Владимир Трајковски,  Филип Крстески, Емилијан Ѓорговски и Мартин Димовски.

Натпреварите на Медитеранските Игри се играа по поинакви правила. Се игра три третини по 15 минути. Резултатот се смета како во хокеј. Се брои главниот, но секоја третина почнува со 0-0. Секоја освоена третина носи еден бод, нерешено е пола бод. На победникот му се додаваат уште два бода за вкупна победа. Ако нема победник, (во елиминациите), се шутираат седмерци.

На првиот ден Македонија забележа една победа и еден пораз. Во првиот натпревар Македонија забележа пораз од Шпанија со 21-14 (8-7, 8-4, 5-3). Иако во сите периоди имавме шанса за освојување на бод, сепак на крајот натпреварот го завршивме со 0 бодови.

Шпанија – Македонија 21:14 (8-7, 8-4, 5-3)

Македонија: Ацевски, Димевски, Крстески 2, Чакалиќ 1, Ѓорговски 4, Митев 3, Митрески, Ми. Ивановски, Ма. Ивановски, Димовски 1, Ташев, Спасовски, Стојчевиќ, Савревски 2, Димитриески, Тодески 1.

Во вториот натпревар забележавме победа над Мароко, но не ги освоиме сите бодови. Иако лошо го започнавме првиот дел, сепак успеавме да се вратиме во игра и да дојдеме до бод, односно до резултат 5:5. Вториот дел го завршивме убедливо во наша корист со 8:4. Во последниот период имавме високо водство од 7:4, сепак на крај заминавме со само еден бод, 8:8.

Македонија – Мароко  21:17  (5-5, 8-4, 8-8)
Македонија: Ацевски, Димевски, Крстевски, Чакалиќ 5, Ѓорговски 1, Митев 7, Митрески, Димовски 4, Ташев 2, Спасовски, Стојчевиќ, Трајковски, Савревски 1, Димитриески 1, Тодески

Денес повторно ќе одиграме два натпревари, првиот е закажан од 11 часот против екипата на Тунис, а вториот натпревар од 14:45 против екипата на Хрватска.

 

2020-02-18T08:44:38+00:00 February 18th, 2020|КЛ7|0 Comments