КЛ7 одигра тест натпревар со Еурофарм Пелистер

//КЛ7 одигра тест натпревар со Еурофарм Пелистер

КЛ7 одигра тест натпревар со Еурофарм Пелистер

Во рамките на зимските подготовки за пролетниот дел, нашите млади момци одиграа тест натпревар со вицешампионот на Македонија и претставникот на Лигата на шампионите, РК Еурофарм Пелистер.

Нашиот противник кој беше домаќин во СЦ „Борис Трајковски“ го одигра овој натпревар без репрезентативците кои учествуваа на последното ЕП во Шведска, Австрија и Норвешка. Нашите млади момци се покажаа како достоен и рамноправен противник.

Првиот дел започна со водство од 4:2 за „суперлигашот“ по што следеше брзо израмнување на нашите момци и прво водство од 5:6. На неколку пати имавме водство и од два погодоци но неуспеавме да го задрживме па на крајот поискусната екипа на Еурофарм Пелистер предводена од Жељко Бабиќ замина со предност од 14:11 после 30 минути игра.

Во вториот дел успеавме да намалиме на само еден погодок, но не и повторно да се вратиме во игра, па на крајот загубивме со 29:22.

Фотогалерија од натпреварот Еурофарм Пелистер – КЛ7

Момците на Андон Бошковски повторно ќе се сретнат со Еурофарм Пелистер во сабота од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“. А во текот на наредната недела ќе бидат дел од меѓународен турнир во Скопје

 

2020-01-16T11:56:51+00:00 January 16th, 2020|КЛ7|0 Comments