КЛ7 ALL STAR натпревар

Последниот натпревар од новогодишното дружење предизвика најмногу внимание кај нашите најмалите ракометари на трибините. „Силите“ на овој натпревар  ги одмерија најдобрите пионери од школите од Свети Николе и Скопје засилени со кадетите од сениорскиот тим на КЛ7, додека од другата страна се најдоа нашите тренери од школите за ракомет. Додека правдата на натреварот ја делеше Капитенот, Кирил Лазаров

Видовме супер интересен и возбудлив натпревар со одлични потези на двете страни. По завршувањето на натпреварот капитенот заедно со тренерите им поделија новогодишни пакетчиња на сите деца кои беа во спортската сала.