КЛ7 не успеа да го изненади Тиквеш 2014

//КЛ7 не успеа да го изненади Тиквеш 2014

КЛ7 не успеа да го изненади Тиквеш 2014

Нашите млади ракометари го доживеа и вториот пораз оваа сезона откако повторно беа совладани од Тиквеш 2014, овој пат минимално со само еден погодок разлика. Проследивме вистински дерби натпревар во преполната спортска сала „Јасмин“ каде малку фалеше да заминеме и со бодови од гостувањето во Кавадарци.

Првиот дел добро го започнавме и игравме гол за гол со поискусниот противник, не дозволувајќи да се одлепи од самиот почеток, но како поминуваше време се повеќе грешевме во нападот а домаќинот го искористи тоа за да дојде до максимални пет погодоци предност односно 12:7 после 30 минути игра.

[Фотогалерија] Тиквеш 2014 – КЛ7

Во вториот дел продолживме слично како и во првото полувреме, со бледа игра во нападот но многу подобро во одбраната. Па кога сите очекуваа дека во 47. минута водството од 17:12 на домаќинот е доволно за победа, нашите млади момци се погрижија да ја вратат неизвесноста во овој натпревар. Со серија од 2:7 го израмнија резултатот на 19:19 и влегоа во возбудлива и неизвесна завршница. До крајот на натпреварот се играше гол за гол, последниот напад го имавме ние но не успеавме да го реализираме за нерешен резултат па на крајот домаќините заслужено славеше.

Ова беше последен натпревар за 2019 година, одигравме 12 кола од кои 10 завршија со победа, а на два загубивме. До крајот од првиот натпреварувачки дел остануваат уште две кола кои ќе се доиграат во втората полусезона, но во дебитантската година веќе обезбедивме место во плејофот како второпласирана екипа во групата 2.

Тиквеш 2014 – КЛ7 22:21 (12:7)

КЛ7: Трајкоски, Стојков 2, Крстески, Цветаноски 1, Миленков, Даев, Ѓоргиев 3, Петрески, Каковски 4, Симоноски 6, Ерманоски, Илиески, Павлов, Димовски 2, Гучески 3, Мирчески

Седмерци: 0/2 Исклучувања: 4 мин

2019-12-16T15:45:21+00:00 December 16th, 2019|КЛ7|0 Comments