Пионерите на КЛ7 со победа ја затворија 2019

//Пионерите на КЛ7 со победа ја затворија 2019

Пионерите на КЛ7 со победа ја затворија 2019

Пионерите на КЛ7 Скопје го одиграа својот последен натпревар за 2019 година и забележаа убедлива победа со 28:20 против екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Уште од самиот старт започнавме одлично и дојдовме до водство од 8:1 кое беше недостижно за противничката екипа и кое најави мирен финиш на натпреварот. Пред крајот на првиот дел гостите намалија на  13:9, но за брзо ја вративме разликата и заминавме со предност од 16:9.

Во вториот дел нашите пионери ја одржаа предноста и го завршија натпреварот со победа од 28:20. Ова беше наша петта победа во пионерска конкуренција и ќе останеме на делба на третото место заедно со екипите на  Металург и Алушовски.

КЛ7 Скопје – РК Македонија Ѓ. П. 28:20 (16:9)

КЛ7: О. Василевски, Д. Пасковски 1, Ниновски 5, Тричковски 4, М. Пасковски 3, Зафировски 5, Маркоски, Продановски 4, Билбилоски 4, Д. Василевски 1, Глигоров, Николовски, Трајков, Ѓорчевски, Николов, Ќурчиев 1

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 4 мин

2019-12-12T07:55:05+00:00 December 11th, 2019|Кисела Вода|0 Comments