Два од два за младинските екипи на КЛ7

//Два од два за младинските екипи на КЛ7

Два од два за младинските екипи на КЛ7

Нашите младински екипи викендов забележаа две победи, откако прво КЛ7 Струга ја совладаа екипата на Работнички со 35:29, а потоа во дерби дуелот КЛ7 беше подобар од младинците на Металург.

Во дуелот за првата позиција младинците на КЛ7 ја совладаа екипата на Металург со 26:23. Натпреварот го отворивме со водство од 4:1, Металург успеа да се врати во игра и да поведе со 5:6 и 7:8, но нашите момци за брзо го превземаа водството, ја вратија контролата на натпреварот со предност 13:10. Неколку пати не успеавме да реализираме за повисока предност со што му дадовме шанса на противникот повторно да се врати во игра на крајот од првиот дел со само еден гол негатива, 13:12.

Фотогалерија од младинскиот натпревар КЛ7 – Металург

Во вториот дел Металург повторно дојде до израмнување 14:14, но нашите момци со серија од 6:1 дојдоа до предност која значеше победа и нова победа во младинската лига. На крајот успеавме да славиме со 26:23

КЛ7 – Металург 26:23 (13:12)

КЛ7: Ерманоски, Џигероски, Трајкоски, Стојков 6, Каковски 2, Даев, Ѓоргиев 3, Петрески, Симоноски 8, Василев, Илиески, Павлов, Димовски 2, Гучески 5

Седмерци: 5/6 Исклучувања: 10 мин

Младинците на Струга дојдоа четврта победа во младинска конкуренција откако ја совладаа екипата на Работнички со 35:29.

Резултатска контрола беше на наша страна во текот на целиот натпревар. На почетокот имавме предност од 7:3 и 9:5, а на крајот од првиот дел заминавме со водство од 16:13.

Во вториот дел противникот успеа да се врати во игра за момент намалувајќи на само еден погодок, односно 19:18, но нашите младинци повторно ја вратија предноста од 3 погодоци, а потоа и да дојдат до највисоки седум погодоци односно 31:24. На крајот конечниот резултат гласеше 35:29

КЛ7 – Работнички 35:29 (16:13)

КЛ7: Галевски, Тренески, Мишевски 4, Костовски 7, Тутенкоски, Негриески, Мариноски, Ортакоски, Христоски 2, Ѓоргиевски 2, Шулески 4, Бочески 1, Јовановски, Ѓорговски 8, Маркоски, Дуноски 7.

Седмерци: 0/1 Исклучувања: 10 мин

 

2019-12-09T10:00:32+00:00 December 8th, 2019|Главни Новости|0 Comments