Дербито во Првата лига му припадна на КЛ7

//Дербито во Првата лига му припадна на КЛ7

Дербито во Првата лига му припадна на КЛ7

Дербито на 11-тото коло во Првата лига им припадна на нашите момци откако во неизвесен и возбудлив натпревар ја совладаа искусната екипата на Младост Богданци со 32-30. Во текот на целиот натпревар дури 18 пати резултатот беше израмнет, а нути една екипа немаше повисока предност од три погодоци.

Првиот дел започна со наше водство, во 12.минута имавме предност од 7:4, но таа не траеше долго, гостите израмнија на 8:8, а пет минути подоцна ја имаа и највисоката предност 9:12. До крајот на првиот успеавме да се вратиме во игра, прво да израмниме на 15:15, а потоа и да поведеме со еден погодок, но после 30 минути игра заминавме со изедначен резултат 16:16.

Вториот дел продолжи во истиот ритам, не успеавме да се „одлепиме“ за мирен финиш на натпреварот. Секое наше водство, искусниот противник предводени од поранешниот репрезентативец Митко Стоилов успеваше да го анулира, па во самиот финиш и да дојдат до водство од еден погодок. Но со наша серија од 4:1 успеавме да ставиме точка на овој натпревар и да славиме со 32:30.

Ова беше наша втора победа против екипата на Младост Богданци, а вкупна 10 победа во Првата лига. Со оваа победа се зацврстиме на втората позиција со девет бодови повеќе од Младост а три помалку од Тиквеш со кој не очекува дуел наредниот викенд.

КЛ7 – Младост Богданци 32:30 (16:16)

КЛ7: Богдановски, Трајкоски, Стојков 5, Крстески, Цветаноски 5, Миленков, Даев, Ѓоргиев 2, Петрески, Каковски, Симоноски 4, Илиески 2, Павлов, Димовски 8, Гучески 6, Мирчевски

Седмерци: 2/5 Исклучувања: 6 мин

2019-12-08T17:02:52+00:00 December 8th, 2019|КЛ7|0 Comments