Деветта победа во Првата лига и пласман во Плеј-оф завршницата

//Деветта победа во Првата лига и пласман во Плеј-оф завршницата

Деветта победа во Првата лига и пласман во Плеј-оф завршницата

Нашите момци дојдоа до деветата победа во Првата лига и со тоа се пласираа на Плеј-Оф завршницата. Во десетото коло ја совладавме екипата на РК Аеродром по втор оваа сезона со резултат 30:37.

Иако победата на крајот беше убедлива, сепак отпорот на домашната екипа беше скршен во последните 10. минути од натпреварот.

Овој дуел започна со игра гол за гол, каде почетното водство го имаше екипата на РК Аеродром со 1:0, потоа следеше наше водство од 2:1 и шест израмнувања по ред. Пред самиот крај од првиот дел дојдовме водство од пет погодоци разлика, 10:15, но домаќините успеаа да се вратат во игра со серија од 4:2 и да заминат на полувреме со негатива од 14:17

Вториот дел на неколку пати се обидовме да се „одлепиме“ но Аеродром имаше одговор на нашата игра. Тоа траеше се до 50. минута кога направивме серија од 2:6 и веќе беше познат победникот на овој натпревар. На крајот конечниот резултат беше 30:37

Со оваа победа се зацрстивме на втората позиција со шест бодови повеќе од третопласираниот Богданци кој го очекуваме во недела од 12 часот и три бодови помалку од првопласираниот Тиквеш кај кој ќе гостуваме наредниот викенд.

Аеродром – КЛ7 30:37 (14:17)

КЛ7: Богдановски 1, Џигероски 5, Трајкоски, Стојков 7, Крстески, Цветаноски 1, Миленков, Даев, Ѓоргиев 5, Петрески, Каковски 1, Симоноски 3, Илиески, Павлов, Димовски 9, Гучески 5

Седмерци: 3/4 Исклучувања: 10 мин

2019-12-05T14:15:53+00:00 December 5th, 2019|КЛ7|0 Comments