Ѓорговски со звукот на сирената за победа на КЛ7 Струга во градското дерби

//Ѓорговски со звукот на сирената за победа на КЛ7 Струга во градското дерби

Ѓорговски со звукот на сирената за победа на КЛ7 Струга во градското дерби

Нашите екипи во младите категории викендов одиграа три натпревари. Дербито во Струга им припадна на нашите млади момци каде во возбудлив натпревар го совладаа РК Струга. Кадетите од Свети Николе славеа убедлива победа над РК Весна Акумулатори, а нашите пионери од Скопје беа убедливо совладани од фаворитот Вардар со 38:10

Како и што одминува секој натпревар во Струга, така и овој во младинска конкуренција беше вистински дерби дуел исполнет со возбудливи моменти, а на крајот со неизвесна завршница во преполната спортска сала „Нико Нестор“. Првото полувреме му припадна на „домаќинот“ екипата на РК Струга, каде за брзо време имаа почетно водство од 6:3, разлика која ја одржуваа до самиот крај на првиот дел, па нашите момци успеаа од 12:9, да дојдат до израмнување на 13:13. На крајот од првиот дел РК Струга замина со водство од еден погодок, 14:13.

Во вториот дел се играше гол за гол, нашите млади момци не дозволуваа резултатски да се одлепи Струга, не му дозволија да дојде до водство повисоко од два погодока, се до 52. минута кога домаќините поведоа со 26:23. Кога сите очекуваа Струга лесно да го финишира овој дуел, нашите момци со серија од 1:5 го превземаа водството и влегоа во неизвесна завршница. Последниот напад на натпреварот го имавме ние и успешно го реализиравме преку Емилијан Ѓорговски кој со звукот на сирената му ја донесе третата победа на КЛ7 Струга во младинска конкуренција. Најдобри стрелци на натпреварот беа Ѓорговски кој постигна 12 погодоци и Михајло Костовски со девет погодоци.

РК Струга – КЛ7 Струга 31:32 14:13

КЛ7 Струга: Котески, Мишевски 3, Костовки 9, Негриески, Мариноски, Христоски 5, Ѓоргиевски, Галевски, Бочески, Јовановски, Ѓорговски 12, Домазетоски, Тренески, Дуноски 1, Шулески 2,

Седмерци: 4/4 Исклучувања: 14мин

Кадетите од Свети Николе дојдоа до својата четврта победа, откако во последниот натпревар за оваа полусезона полесно од очекувањата ја совладаа екипата на РК Весна Акумулатори со 32:18. Нашите момци имаа одличен старт па веќе по првите 5 минути игра имаа водство од 4:1, а набрзо и 7:2. До крајот на натпреварот не само што не дозволивме противникот да се приближи резултатски туку и да го совладаме убедливо. Првиот дел го завршивме со предност од 17:10, а на крајот славевме со максимални 32:18. На овој дуел дури 11 играчи од КЛ7 се запишаа во листата на стрелците. КЛ7 Свети Николе после одиграни седум кола се наоѓа на третат позиција со 12 освоени бодови.

КЛ7 Свети Николе – РК Весна Акумулатори 32:18 17:10

КЛ7 Свети Николе: Стефановски, Станоев 6, Ангеловски, Иванов 1, Тодосов 1, Велков 7, Буровски 5, Цековски 2, К. Атанасов 1, Даскалов 2, Т. Атанасов, Андов 1, Трајчев, Ефремовски, Лазаров 3, Тодоров 3

Седмерци: 1/1 Исклучувања: /

Пионерите од Скопје го одиграа својот најслаб натпревар оваа сезона и сигурно ќе сакаме брзо да го заборавиме. Во осмото коло од пионерската лига убедливо сме совладани од пионерите на РК Вардар со резултат 38:10. Иако ова беше натпревар помеѓу првопласираната и второпласираната екипа во група 3, сепак дерби дуел не видовме во спортската сала „Јане Сандански“. Домашната екипа го започна натпреварот со серија од 6:0 и веќе беше познат победникот на овој натпревар. На крајот од првиот дел домаќините заминаа со предност од 16:5. Во вториот дел очекувавме подобра игра на нашите момци, но Вардар не само не дозволи да ја намалиме предноста туку и успеа да не совлада со највисоки 38:10. Во последното коло од првиот дел пионерите од Скопје ќе се сретнат со екипата на Ѓорче

РК Вардар – КЛ7 38:10 16:5

2019-12-02T20:11:49+00:00 December 2nd, 2019|Главни Новости|0 Comments