КЛ7 дојде и до својата осма победа во Првата лига

//КЛ7 дојде и до својата осма победа во Првата лига

КЛ7 дојде и до својата осма победа во Првата лига

Младите момци на КЛ7 дојдоа до својата осма победа во деветото коло од Првата лига на РФМ. Овој пат ја совладавме екипата на Јехона со резултат 38:27 и сме на чекор до пласман во плеј-оф натпреварувањето.

Натпреварот започна израмнето со игра гол за гол, се до 10. минута кога постигнавме неколку брзи погодоци и прво дојдовме до водство од 6:4, а потоа со серија од 4:0 и до 10:4. До крајот на првото полувреме предноста ја зголемивме на десет погодоци разлика и заминавме со водство од 22:12.

Фотогалерија од натпреварот КЛ7-Јехона

Во вториот дел тренерот Бошковски им даде шанса и помладите кадети кои одлично се носеа со повозрасната екипата на Јехона па натпреварот го завршија со конечни 38:27

Во следното коло(04.12) ќе се сретнеме со екипата на РК Аеродром.

КЛ7 – Јехона 38:27 22:12

КЛ7: Петрески, Трајкоски, Стојков 7, Крстески, Миленков 3, Даев 1, Ѓоргиев 2, Каковски 2, Симоноски 1, Џигероски 1, Ерманоски, Илиески 4, Павлов 2, Мартин Димовски 8, Гучески 7.

Седмерци: 1/3 Исклучувања: 16мин

2019-12-01T10:12:41+00:00 December 1st, 2019|КЛ7|0 Comments