КЛ7 Струга со седум од седум во пионерска конкуренција

//КЛ7 Струга со седум од седум во пионерска конкуренција

КЛ7 Струга со седум од седум во пионерска конкуренција

Дуелот на двете непоразени екипи во пионерска конкуренција, заврши со победа на нашите пионери од Струга над РК Охрид со 21:19. Како што и очекувавме овој дерби натпревар ги исполни сите очекувања па проследивме возбудлив дуел каде дури десет пати беше израмнет резултатот, а неколку пати екипите се менуваат во водството.

Првото полувреме се играше гол за гол, се до самиот крајот кога екипата на Охрид успеа да се „одлепи“ на два погодоци, но нашите момци за брзо вратија со серија од 2:0 и успеаа да заминат на пауза со нерешен резултат 9:9.

Во второто полувреме ја преземавме резултатската контрола, успеавме да поведеме со два погодоци разлика но противник за последен пат израмни на 15:15, по што следеше серија од 3:0 на нашите пионери која се покажа како одлучувачка за победата и продолжување на победничката низа. До крајот на натпреварот не ја пропуштивме оваа предност и успеавме да славиме со 21:19

Одличен натпревар одигра нашиот пионер Славчо Шулески кој постигна дури 12 погодоци.

Ова беше последно коло во пионерската лига во група 1, КЛ7 Струга останува на првата позиција со седум победи после седум одиграни натпревари и со најдобра гол разлика во целата група.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Школа ракомет Кирил Лазаров 7 (@handball_kl7) on


КЛ7 Струга – РК Охрид 2013 21:19 (9:9)

КЛ7 Струга: Галевски, Попоски, Спироски, Џигероски 2, Шапески, Илиески, Стрезоски 1, Шулески 12, Симоноски, Кочоски 3, Тутенкоски 1, Маркоски 1, Танкоски, Домазетоски, Иваноски 1, Мариноски.

Седмерци: 5/6 Исклучувања: 4 мин

2019-11-26T17:15:33+00:00 November 26th, 2019|Струга|0 Comments