КЛ7 дојде до својата седма победа во Првата лига

//КЛ7 дојде до својата седма победа во Првата лига

КЛ7 дојде до својата седма победа во Првата лига

Нашите млади момци дојдоа до уште една убедлива победа во Првата лига, откако ја совладаа екипата на ГРК Борец со 39:19. Ова беше наша седма победа, треба по ред со која се зацврстивме на втората позиција со 21 бод.

Натпреварот започна со неколку наши грешки во одбраната, што резултираше со две исклучувања во првите четири минути игра, а противникот знаеше тоа како да го искористи па примивме три погодоци. Но брзо се вративме во игра и ја преземавме резултатска контрола прво со серија од 4:0 за 7:3, а потоа и со серија од 8:0 за 19:5, со што веќе беше познат победникот на овој дуел. На крајот од првиот дел резултатот гласеше 21:6.

Во вториот дел продолжи да расте предноста и до максимални плус 20, односно 34:14, на крајот конечниот резултат беше 39:19

Ова беше наш осми натпревар во Првата лига, а во следното коло, повторно ќе бидеме  домаќини, овој пат на екипата на Јехона од Гостивар

КЛ7 – ГРК Велес 39:19 21:6

КЛ7: Богдановски, Трајкоски 3, Стојков 8, Крстески 2, Миленков 2, Ѓоргиев 3, Симоноски 4, Василев 1, Ерманоски, Илиески 7, Павлов, Димовски 6, Гучески 3, Мирчевски

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 10 мин

2019-11-23T19:51:21+00:00 November 23rd, 2019|КЛ7|0 Comments