Нова убедлива победа на КЛ7 во Првата лига

//Нова убедлива победа на КЛ7 во Првата лига

Нова убедлива победа на КЛ7 во Првата лига

Младите момци од КЛ7 дојдоа до нова победа во Првата лига откако во седмото коло убедливо славеа над Партизан од Гевгелија со 42:20.

Првото водство им припадна на гостите од Гевгелија од 0:1, но нашите момци вратија со серија од 3:0. До крајот на првиот дел, предноста растеше до максимални 11 погодоци односно 21:10.

Во вториот дел шанса добија и нашите кадети, каде имаа можност да го финишираат овој натпревар. Тоа го направија одлично и успеаа да постигнат идентично голови како и во првиот дел, односно 21, а да примат само 10. На крај резултатот гласеше 42:20, во натпревар каде дури единаесет наши играчи се запишаа во листата на стрелците.

Наредното коло повторно ќе бидеме домаќини, овој пат на екипата Борец од Велес. Натпреварот е закажан во сабота (23.11) во 13 часот во спортската сала на ОУ „Круме Кепески“. А во 15 часот нашите пионери ќе го играат дербито на колото против минатогодишниот шампион во пионерска конкуренција, екипата на РК Металург.

КЛ7 – Партизан 42:20 (21:10)

КЛ7: Џигероски 1, Трајкоски 2, Стојков 10, Крстески, Цветаноски, Ѓоргиев 5, Петрески, Симоноски 5, Василев 2, Ерманоски, Илиески 3, Павлов 2, Димовски 4, Гучески 5, Јорданов, Мирчевски 3

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 2 мин

 

2019-11-22T10:27:18+00:00 November 21st, 2019|КЛ7|0 Comments