[Фотогалерија] Нова победа на КЛ7 Скопје во пионерска конкуренција

//[Фотогалерија] Нова победа на КЛ7 Скопје во пионерска конкуренција

[Фотогалерија] Нова победа на КЛ7 Скопје во пионерска конкуренција

Пионерите од Скопје ја забележаа својата четврта победа, овој пат против екипата на РК Шампион, со резултат 10:18. Лошо започнаа и двете екипи по 14 минути играа успеаа да постигнат само три погодоци, односно резултатот гласеше 1:2, до крајот на првиот дел заминавме со водство од 3:5. Во вториот дел одигравме подобро, прво успеавме да се одвоиме резултатски и да поведеме со четири погодоци, 5:9, а пред самиот крај да дојдеме и до максимални седум погодоци односно 9:16. Конечниот резултат гласеше 10:18. И по шестото коло нашата екипа останува непоразена и со најдобрата одбрана во целата пионерска лига, односно со вкупно примени 66 погодоци или 11 погодоци по натпревар. Во следното коло го очекуваме актуелниот шампион во пионерска конкуренција, екипата на Металург.

РК Шампион – КЛ7 Скопје 10:18 3:5

КЛ7: Василевски, Ќурчиев, Д. Пасковски, Ниновски 1, Тричковски 3, М. Пасковски 1, Зафировски 4, Николовски, Маркоски, Продановски, Билбиловски 1, Глигоров 3, Проданов 5, Трајков, Ѓорчевски, Андреевски.

Седмерци: 2/3 Исклучувања: 2 мин

2019-11-19T07:40:45+00:00 November 19th, 2019|Галерија|0 Comments