Три од три за младинците на КЛ7, совладана е екипата на РК Вардар

//Три од три за младинците на КЛ7, совладана е екипата на РК Вардар

Три од три за младинците на КЛ7, совладана е екипата на РК Вардар

Нашите млади момци без проблем стигнаа и до третата победа во младинската лига откако убедливо го совладаа РК Вардар со 34:24.

Уште од почетокот стартувавме силно и за брзо време имавме предност од 6:2. Нашиот противник се обиде со игра седум на шест со што нашиот голман Богдановски успеа да реализира од својата половина дури три пати. Предноста продолжи да расте во текот на првиот дел до максимални 13 погодоци (21:8), а после 30 минути игра резултатот гласаше 24:11.

Во вториот дел следеше наше мало опуштање со што противникот намали на 28:20, но на крајот ја вративме двоцифрената предност и конечениот резултат беше 34:24.

[Фотогалерија] Трета победа за младинците на КЛ7

Во следното коло нашите момци ќе ја пречекаат екипата на РК Металург.

КЛ7 – РК Вардар 34:24 (24:11)

КЛ7: Богдановски 3, Џигероски, Трајкоски 1, Стојков 7, Крстески, Миленков 2, Ѓоргиев 2, Петрески, Симоноски 5, Василев, Илиески 1, Павлов,  Димовски 3, Гучески 9, Јорданов, Мирчески 1.

Седмерци: 2/3 Исклучувања: 12 мин

2019-11-15T17:35:38+00:00 November 15th, 2019|КЛ7|0 Comments