Првиот КЛ7 КУП Север за оваа сезона помина во знакот на вистинското другарство и љубов кон ракометот

/, Велес, Главни Новости, Карпош, Кисела Вода, Куманово, Скопје, Тетово/Првиот КЛ7 КУП Север за оваа сезона помина во знакот на вистинското другарство и љубов кон ракометот

Првиот КЛ7 КУП Север за оваа сезона помина во знакот на вистинското другарство и љубов кон ракометот

Околу 300 деца од школате на капитенот од Скопје, Велес, Тетово и Куманово викендов учествуваа во најмасовното ракометно натпреварување за ракометарчиња на возраст од 6-12 години. КЛ7 школите кои се дел од овој КЛ7 ХАЛКИ КУП Север од оваа година добија и два нови члена во нашето огромно ракометно семејство, тоа се школите од Велес и Карпош.И без оглед кое од децата колкав период е во нашата школа и на која возраст е ,кај сите беше подеднаква возбудата и исчекувањето да се биде на терен, да се настапи пред публика. Преполна беше салата на ОУ ” Круме Кепески” во општина Кисела Вода изминатата сабота со нашите идни ракометари и публика која ги наполни трибините.

На натпреварите како во сите наши интерни купови така и во КЛ7 ХАЛКИ КУП Север, децата беа поделени по возраст, стартувајќи од 2011 и помали, 2009/10 и на крај децата родени 2006/08, кои играа на голем терен. Вистински празник на ракометот и спортот се овие настани, на кои освен ракометот децата имаат можност и да се запознаат, да се дружат и заедно да навиваат за своите другарчиња. Со организирањето на овие купови се мотивираат децата максимално да прикажат што до сега научиле и како е да се биде дел од тимот.

Резултатите , пребројувањето на головите, одбраните не се толку битни, бидејќи кога се игра на 6 годишна возраст самата слика на тие деца облечени во исти маички како вистински тим е најголемиот благодет за сите. Секако и потврда за целиот изминат труд на нашите тренери, кои го вложуваат да допрат до секое дете ,од него да го извлечат најважното, најдоброто.

Тренерите беа вистински лидери на своите школи и колку и да нема резултатско значење овој куп, сликата беше како да се одржува официјален турнир на ракометни екипи.

Дoмаќинот КЛ7 Кисела Вода по кој знае кој пат покажа дека е домаќин за пример. Огромна благодарност до родителите на децата од КЛ7 од Скопје кои секогаш безрезервно се дел од организацијата на оваа ракометна атмосфера.

Се гледаме во сала!