Децата од КЛ7 со поддршка за Македонија од трибините

//Децата од КЛ7 со поддршка за Македонија од трибините

Децата од КЛ7 со поддршка за Македонија од трибините

Нашите ракометари и ракометарки од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ денеска навиваа за Македонија и за Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров.

Тие исполнија поголем дел од трибината и ја дадоа поддршката за нашите репрезентативци. После натпреварот децата имаа можност непосредно да го поздрават капитенот.

Македонија во првиот натпревар ја совлада репрезентација на Грузија со резултат 25:21. Утре со почеток од 16 часот, исто така во „Борис Трајковски“ се игра вториот меч меѓу Македонија и Грузија.

2019-10-25T20:49:29+00:00 October 25th, 2019|Главни Новости|0 Comments