Суперлигашки тест натпревари за КЛ7

//Суперлигашки тест натпревари за КЛ7

Суперлигашки тест натпревари за КЛ7

Слободниот период без официјални натпревари, го искористивме за неколку контролни натпревари со суперлигашките екипи.

Првиот дуел го одигравме со екипата на РК Пролет 62 кој го загубивме со 31:28. Лошо започнавме, во нападот правевме грешки а тоа добро го користеше искусниот противник. Во текот на натпреварот успеавме да се приближиме но не и да направиме резултатски пресврт.

Во вториот дуел против екипата на Металург 2 одигравме многу подобро на почетокот, имавме резултатска контрола на натпрерот но пред крајот на првиот дел Металург дојде до израмнување односно 13:13. Вториот дел лошо го започнавме и дозволивме противникот да ја превземе играта и да дојде до победа од 28:24.

Денес не очекува нов суперлигашки дуел овој пат со екипата на Вардар Јуниор од 17:30 часот во спорската сала „Јане Сандански“

2019-10-24T11:24:36+00:00 October 24th, 2019|Главни Новости|0 Comments