КЛ7 Струга со три бода си заминува од Битола

//КЛ7 Струга со три бода си заминува од Битола

КЛ7 Струга со три бода си заминува од Битола

КЛ7 Струга ја забележа и својата трета победа по ред во кадетската лига на РФМ, овој пат совладана е екипата на РК Пелистер со 18:31 и се искачи на првата позиција заедно со РК Прилеп

КЛ7 уште од самиот старт на натпреварот се обиде да го реши победникот на овој дуел. Домаќинот поведе со 1:0 и 2:1, а потоа водството го превземаа нашите кадетите каде прво поведоа со 2:4, а веќе во 20. минута беше 4:8, до крајот на првиот дел стигнаа и до шест погодоци разлика, 8:14

Вториот дел продожи во истиот ритам, предноста растеше до максимални 13 погодоци односно конечни 18:31 после 60 минути игра.

Останатите натпревари на нашите младински категории беа одложени.

РК Пелистер – КЛ7 Струга 18:31 8:14

КЛ7 Струга: Галевски, Котески, Мишевски 5, Дуноски 4, Маркоски 1, Негриески 1, Христоски 4, Шулески 2, Јованоски, Бочески 1, Костовски 4, Ѓорговски 8, Тутенкоски, Ѓоргиевски 1, Ортаковски, Мариноски

Седмерци: 2/2 Исклучувања: 8 мин

2019-10-20T20:24:09+00:00 October 20th, 2019|Струга|0 Comments