Половичен ефект за пионерите на КЛ7

//Половичен ефект за пионерите на КЛ7

Половичен ефект за пионерите на КЛ7

Викендов се одигра четвртото коло од пионерската лига на РФМ, нашите пионерски екипи на два натпревари забележаа победа додека на останатите два беа поразени

КЛ7 Струга ја продолжи победничката низа и ја забележа својата четврта победа по ред. По победите над Преспа Вардар, РК Сани, Еурофарм Р. овој пат совлада е екипата на РК Енхалон со резултат 8:28.

По почетното водство на домаќините од 1:0, нашите пионери од Струга направија серија од 0:5 и предност која веќе беше недостижна за Енхалон. На полувремето заминавме со водство од десет погодоци разлика, 4:14, а до крајот на натпреварот успеавме да го дуплираме за конечни 8:28

РК Енхалон – КЛ7 Струга 8:28 4:14

КЛ7 Струга: Галевски, Попоски, Спироски, Домазетоски 1, Мариноски 4, Стрезоски 3, Кочоски, Шулески 7, Симоноски 1, Танкоски, Тутенкоски 2, Маркоски 1, Иваноски 2, Илиески 3, Перески, Џигероски 4

Седмерци: 2/3 Исклучувања: 2 мин

Пионерките од Скопје беа убедливо совладани од екипата на РК Аеродром во натпревар каде успеавме да постигнеме само три погодоци за 4о мин игра. Првиот гол го постигнавме во 12. мин, но домаќинот веќе имаше големо водство од 8:1. Пред крајот на првиот дел го постигнавме и вториот наш погодок, а на полувреме заминавме со резултат 11:2. Во вториот дел постигнавме само еден погодок за конечни 22:3

РК Аеродром – ЖРК КЛ7 22:3 11:2

ЖРК КЛ7: Самандова, Додевска, Ѓоргиевска, Стефановска, Ѓорговска 1, Најдовска, А. Блажевска 1, Филиповска, Костенчева, Лазаровска, Аврамовска, Т. Блажевска 1, Брљамова, Анчевска, Ѓоковиќ, Стојчевска

Седмерци: / Исклучувања: 4 мин

Пионерите од Скопје стигнаа и до својата трета победа откако ја совладаа екипата на РК Алушовски и останаа непоразени по четири одиграни кола.

Почетокот на натпреварот започна со игра гол за гол, тоа беше се до средината на првиот дел кога нашите пионери успееа со серија од 0:5 да поведат со 4:9, оваа предност ја задржаа до крајот на првиот дел односно 5:9. Во вториот дел неколку пати екипата на Алушовски се приближи на три погодоци но не успее да го загрозат нашето водство, Со серија од 0:6 и одлична одбрана не дозволивме изненадување и ги поставивме конечните 9:18

РК Алушовски – КЛ7 9:18 5:9

КЛ7: О. Василевски, Д Пасковски, Ниновски 2, Триковски 4, М. Пасковски 3, Зафировски 2, Продановски 1, Маркоски 1, Глигоров 5, Проданов, Трајков, Ѓорчевски, Петровски, Бановски, Д. Василевски

Седмерци: 2/2 Исклучувања: /

Нашите пионери од Свети Николе го забележаа првиот пораз во пионерска конкуренција откако беа совладани од екипата на Младост Богданци со резутат 16:25.

Натпреварот започна со наше водство од 1:0 и 2:1 но тоа беше се што успеавме да направиме на овој натпревар. Гостите за брзо ја превземаат резултатска контрола прво со серија од 0:4 и водство од 2:6, а потоа со серија од 1:6 за конечни 6:14 после 20 минути игра. Во вториот дел не успеавме да ја намалиме разликата па конечниот резултат гласеше 16:25.

КЛ7 Свети Николе – РК Младост Богданци 16:25 6:14

КЛ7 Свети Николе: К. Атанасов 1, Крстев 10, Трајчев, Андов, Панев, Т. Атанасов, Кочиев, Даскалов 5, Ефремовски, Тодосовски, Коцев, Чекеровски, Цековски, Ивановски, Гичев, Лазаров

Седмерци: 2/3 Исклучувања: 2 мин

2019-10-15T07:56:18+00:00 October 14th, 2019|Главни Новости|0 Comments