Прва победа на КЛ7 во младинска конкуренција

//Прва победа на КЛ7 во младинска конкуренција

Прва победа на КЛ7 во младинска конкуренција

КЛ7 со победа го отвори младинското натпреварување откако на гости ја совлада екипата на РК Бутел со резутат 30:36.

Првите 10 минути од натпреварот започнаа во знакот на голманите на двете екипи, беа постигнати само 4 погодоци, односно домаќините имаа водство од 3:1. За брзо време успеавме да се вративме во игра и да направиме серија од 0:4 и да ја превземеме резултатската контрола на натпреварот. Оваа предност успеавме да ја зголемиме на пет погодоци до крајот на првиот дел, 14:19.

Во вториот дел не му дозволивме на противникот да се приближи резултатски, предноста ја одржувавме до крајот на натпреварот до конечни 30:36.

Во следното коло ќе ја пречекаме екипата на РК Струга, а денеска нашите кадетите ќе го одиграат второто коло против екипата на Ангели Вардар од 20:30.

РК Бутел – КЛ7 30:36 14:19

КЛ7: Богдановски, Џигероски 3, Трајкоски, Стојков 5, Крстески, Миленков, Даев, Ѓоргиев 6, Петрески, Каковски 4, Симоноски 9, Василев, Илиески, Павлов, Димовски 3, Гучески 6.

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 6 мин

2019-10-03T10:17:25+00:00 October 3rd, 2019|Главни Новости|0 Comments