Продолжуваат натпреварите во младинските категории

//Продолжуваат натпреварите во младинските категории

Продолжуваат натпреварите во младинските категории

Овој викенд продолжуваат натпреварите во сите младински категории. Пионерите веќе одиграа две кола и пред нив е третото коло, додека кадетите го играат второто коло, а младинците стартуваат за прв пат овој викенд. КЛ7 за прв пат има рекорден број на пријавени екипи во младинските категории и за прв пат сите ќе излезат на терен овој викенд.

Нашите најмали пионери овој викенд повторно ќе одиграат четири натпревари. Први започнуваат КЛ7 Струга кои во петок од 20 часот ќе го одиграат дербито со Еурофарм Работник во група 1 во Нико Нестор. Пионерките својот трет натпревар ќе го одиграа против екипата на РК Драчево во сабота од 11:30 во спортска сала на  ОУ „Круме Кепески“, високи порази забележаа од Делчево и актуелниот шампион Вардар, па овој натпревар ќе биде добра можност за подобро издание на нашите најмали претставници во пионерска конкуренција. По победата и нерешениот резултат КЛ7 Св. Николе ќе се обиде да остане непоразен и по дуелот со екипата на Филип Вардар кој има еден пораз и една победа до сега, натпреварот е закажан во недела во 12 часот во спортската сала „Цар Самоил“. КЛ7 од Скопје во третото коло ќе се сретне со дебитантот во ова првенство екипата на РК Рисови, натпреварот е закажан во сабота од 15:30 во спортската сала „Круме Кепески“

Кадетите го играат второто коло, први започнуваат КЛ7 од Скопје кој веќе во четврток ќе се сретнат со Ангели Вардар од 20:30 во спортска сала на  ОУ „Круме Кепески“. КЛ7 Струга го очекуваат два дуели, прво со РК Струга ќе го одиграат првото коло во четврток од 19:30 во спортската сала „Тими“ а во сабота од 13:30 часот ги очекува идентичен дуел како нивните пионери со екипата на Еурофарм Работник. Кадетите на Свети Николе првата победа ќе ја бараат во сабота од 11часот против екипата на РК Радовиш.

Вечерва КЛ7 од Скопје ќе го одиграат првиот натпревар во младинската конкуренција. Од 20:30 часот во спортската сала „Антон Димитров“ ќе се сретнат со екипата на Бутел. А во недела КЛ7 Струга е домаќин на РК Вардар во 12:30.

2019-10-03T08:40:53+00:00 October 2nd, 2019|Главни Новости|0 Comments