Пионерските екипи на КЛ7 со две победи, еден пораз и еден нерешен дуел

//Пионерските екипи на КЛ7 со две победи, еден пораз и еден нерешен дуел

Пионерските екипи на КЛ7 со две победи, еден пораз и еден нерешен дуел

Викендов се одигра второто коло од пионерската лига на Македонија во машка и женска конкуренција.

Екипата на Свети Николе гостуваше во Кавадарци кај екипата на ГРК Тиквеш 2014. Во возбудлив и неизвесен натпревар, пионерите од Свети Николе освоиа еден бод, иако може да заминат со целиот плен

Натпреварот го започне со водство од 0:1, но за брзо домаќините дојдоа до предност од 3:1, а потоа и до 5:2, но со серија од 0:3 успеавме да се вратиме во игра и  да израмниме на 5:5. До крајот на првиот дел се играше гол за гол за конечни 9:8 по 20 минути игра. Почетокот на вториот му припадна на домаќинот, поведе со 11:9, пресност што ја одржуваше до пред самиот крај на натпреварот. Но нашите пионери се изборија за седмото израмнување на натпреварот 18:18 и успеаа да поведат во финишот со 18:19 но и не да го зачуваат ова водство до последниот свиреж. Конечниот резултат е 19:19

ГРК Тиквеш 2014 – КЛ7 Свети Николе 19:19 9:8

КЛ7 Свети Николе: Јорданов, Коцевски, Ефремовски, Даскалов 8, К. Атанасов, Т. Атанасов 3, Крстев 5, Андов 1, Цековски, Тодосовски 1, Гичев, Пачев, Чекеровски, Арсевски 1, Ивановски

Седмерци 3/3 Исклучувања: 4 мин

КЛ7 Струга ја оствари својата втора победа, овој пат ја совладаа екипата на РК Сани со 23:36.

Стружани го отворија натпреварот со водство од 0:2, како поминуваше времето предноста растеше до максимални девет погодоци пред крајот на првиот дел, односно 8:17.  Во вториот дел нашата предност полека почна да се топи, па пред самиот крај РК Сани дојде до само два погодоци негатива одоносно 23:25. Но немаше време за изненадување и комплетен пресверт па на крајот конечениот резултат беше 23:26

РК Сани – КЛ7 Струга 23:26 9:17

КЛ7 Струга: Галевски, Попоски, Спироски, Тутенкоски, Џигероски 2, Илијески, Стрезоски 8, Кочоски 5, Шулески 5, Симоноски, Маркоски 4, Танкоски, Мариноски 2, Домазетоски, Анастасиески.

Седмерци 1/2 Исклучувања: 10 мин

Нашите најмлади учеснички во пионерска лига очекувано загубија од неколку години постарите и поснажни пионерки на ЖРК Вардар со резултат 37:7

Резултатска неизвесност имаше само во првите 5 минути игра каде двете екипи не успеа да постигнат погодок. Потоа следеше серија од 5:0 на домаќините, а на крајот од првиот дел резултат гласеше 16:2

Второто полувреме продолжи во ист ритам, правевме грешки во нападот и тешко доаѓавме до шанса за погодок па конечниот резултат беше 37:7.

Следниот натпревар за нашите кадетки е во сабота од 11:30 против екипата на РК Драчево во спортската сала на „Круме Кепески“

ЖРК Вардар – ЖРК КЛ7 37:7 16:2

ЖРК КЛ7: Самандова, Панева, Ѓеоргиевска 1, Трајковска, Ѓорговска, Стефановска, Блажевска 2, Ѓоковиќ,  Костенчева 3, Лазаревска, Аврамовска, Блажевска 1, Брљамова, Анчевска, Беровиќ, Најдовска.

Седмерци: 1/2 Исклучувања: 2 мин

Пионерите од Скопје ја забележаа својата прва победа за оваа сезона. Во првото коло ако малку не делеше од целиот плен и заминавме со еден бод од гостувањето во Бутел, но овој пат забележавме убедлива победа во Чаир против Ринија со резултат 5:23

Натпреварот започна со серија од 0:3, противникот намали на 1:3 и тоа беше се што направија во првото полувреме. Нашите момци одиграа одлично во одбрана и успеа да ја задржат екипата на Ринија на само еден погодок додека на другата страна да постигнат осум погодоци за конечни 1:11 после 20 минути игра.

Во вториот дел шанса добија и нашите помлади пионери и да ги постават конечните 5:23.

Наредното коло нашите пионери на домашен терен ќе играат против екипата на РК Рисови во сабота од 15:30 во спортската сала на „Круме Кепески“

РК Риниа – РК КЛ7 5:23 (1:11)

РК КЛ7: Василевски, Ќурчиев, Д. Пасковски 2, Ниновски, Тричковски 2, М. Пасковски 6, Зафировски 3, Перуновски, Николов, Продановски 3, Маркоски 1, Глигоров 2, Трајановски, Проданов 3, Трајков, Ѓорчевски.

Седмерци: 0/2 Исклучувања 2 мин

2019-10-02T09:51:01+00:00 October 2nd, 2019|Главни Новости|0 Comments