Кадетите на КЛ7 забележаа убедлива победа на гостувањето во Велес

//Кадетите на КЛ7 забележаа убедлива победа на гостувањето во Велес

Кадетите на КЛ7 забележаа убедлива победа на гостувањето во Велес

Викендов се игра првото коло од кадетската лига на Македонија. КЛ7 од Скопје забележа убедлива победа на гостувањето во Велес, додека КЛ7 Свети Николе не успеа да го изненади РК Астраион. Во четврток е закажано градското дерби помеѓу КЛ7 Струга и РК Струга.

Кадетите од Свети Николе загубија на гостувањето во Струмица минимално со 29-25.

Натпреварот започна со игра гол за гол, екипите неколку пати се менуваа во водството се до 25. минута при резултат 11:11, тогаш следеше серија од 3:0 на домаќините за конечни 14:11 по првите 30 минути игра.

Во вториот дел продолжи да расте разликата до максимални седум погодоци односно 21:14. Нашите момци се обидоа да се вратат во игра во финишот на натпреварот дојдоа до негатива од само два погодоци (27:25) но немаа сили и за целосен пресврт и изненадување.

РК Астраион – КЛ7 Свети  Николе 29:25 14:11

КЛ7 Свети Николе: Станоев 1, Тодосов 3, Даскалов, К. Атанасов, Т. Атанасов, Крстев, Иванов 1, Петров, Велков 2, Алексовски 4, Спасевски, Трајчев, Крстев 3, Стаменков, Стерјановски, Буровски 11

Седмерци: 4/5 Исклучувања: 10 мин

Кадетите од Скопје забележаа убедлива победа на гостувањето во Велес против екипата на Велес 2009 со резултат 25-40.

Нашите момци одлично го отворија натпреварот со водство од 2:4 и за брзо време 3:7. Домаќини успеаа да се вратат во игра и да намалат на 8:10, но потоа следеше фуриозна серија од 2:10 и конечни 10:20 по првите 30 минути игра.

Во вториот дел, тренерот Бошковски даде шанса и помладите пионери, кои одлично ја одржуваа предноста и на крајот од натпреварот ја зголемија на максимални 15 погодоци односно 25:40

РК Велес 2009 – КЛ7 25:40 10:20

КЛ7: Трајков, Трајкоски 2, Крстески 4, Миленков 3, Зафировски, Василев 3, Ерманоски, Илиески 6, Павлов 5, Димовски 10, Пасковски, Проданов, Јорданов 7, Мирчевски

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 10 мин

Во четврток КЛ7 Струга ќе го одигра својот прв натпревар во кадетската лига против екипата на РК Струга. КЛ7 Скопје во четврток ќе го одигра второто коло против екипата на РК Ангели Вардар, а кадетите од Свети Николе се домаќини на РК Радовиш

2019-09-29T14:15:06+00:00 September 29th, 2019|Главни Новости|0 Comments