Викендов ќе се одигра второто коло во пионерска конкуренција

//Викендов ќе се одигра второто коло во пионерска конкуренција

Викендов ќе се одигра второто коло во пионерска конкуренција

Овој викенд ќе се одигра и второто коло од пионерската лига во машка и женска конкуренција. Сите наши екипи своите натпревари ќе ги одиграат како гости во ова коло, дербито е во втората група

По воведната победа во првото коло, КЛ7 Струга ќе гостува во Охрид кај екипата на РК Сани. Натпреварот ќе се одигра во понеделник(30.09) од 19:30.

Дербито овој викенд ќе биде во Кавадарци каде нашите пионери од Свети Николе ќе се сретнат со екипата на ГРК Тиквеш. И двете екипи во првото коло остварија победи. Натпреварот е закажан во недела(29.09) од 15:00 во спортската сала Јасмин.

Пионерите од Скопје повторно ќе гостуваат овој пат во Чаир против екипата на Риниа. Во недела(29.09) од 11 часот  во спортската сала 7ми март нашите пионери ќе се обидат да дојдат до првата победа.

Нашите најмлади претставнички, пионерки, овој викенд ќе се сретнат против апсолутниот фаворит и актуелен шампион ЖРК Вардар. Натпреварот ќе се одигра во недела(29.09) во спортска сала Јане Сандански (мала сала) од 10:30

2019-09-26T09:39:53+00:00 September 25th, 2019|Главни Новости|0 Comments