Семејството КЛ7 од минатата недела доби нов член, КЛ7 Прилеп

//Семејството КЛ7 од минатата недела доби нов член, КЛ7 Прилеп

Семејството КЛ7 од минатата недела доби нов член, КЛ7 Прилеп

Во Прилеп градот херој започна да работи 16 -та школа на капитенот. Град кој знае што е спорт, кој помни убави ракометарски години доби уште една школа во која децата на возраст 2007/08 и помали ќе имаат можност да ги учат првите ракометни лекции. А колку тие го сакаат најатрактивниот спорт кај нас покажа првиот тренинг. И момчиња и девојчиња и помали и поголеми со своите родители дојдоа на првата заедничка средба по која следуваа и првите минути за ракомет.

За многумина од нив прв пат некој да им посочи, покаже, демонстрира вежби и теорија поврзана со ракометот. За нашите прилепчанчиња таа одговорна задача ја има ракометарот кој е познат на Македонија, Менде Петлески. Денес е дипломиран професор по физичко и здравствено образование-спорт и здравје, и дипломиран тренер по ракомет, кој работи во СОУ гимназија Мирче Ацев Прилеп. Тренерската кариера ја започна во женската екипа ЖРК “Жито Прилеп”, потоа и со машката екипа РК “Прилеп”. Од оваа учебна година своето акомулирано знаење ќе го пренесува на дечињата кои на првиот тренинг покажаа голем интерес и дисциплина.

Сигурно некое од нив сонува еден ден да стане репрезентативец, играч од светски калибар. Зошто да не, ако вредно работат, сите ние ќе бидеме среќни што се остварил нивниот сон. Тренинзите се одвиваат 3 пати неделно во салата на СОУ “Кузман Јосифовски-Питу”, а со децата тренерот Петлески работи во 2 групи, создадени според нивната возраст. Се уште е отворен списокот за упис на некој нови прилепски ракометни надежи.

Се гледаме во сала!

 

2019-09-23T11:56:52+00:00 September 23rd, 2019|Прилеп|0 Comments