Почеток на пионерските лиги, КЛ7 со две победи, еден нерешен дуел и еден пораз

//Почеток на пионерските лиги, КЛ7 со две победи, еден нерешен дуел и еден пораз

Почеток на пионерските лиги, КЛ7 со две победи, еден нерешен дуел и еден пораз

Денеска започнаа натпреварите во пионерска конкуренција во организација на ракометната федерација. Нашите пионерски(три екипи во машка и една во женска конкуренција) екипи кои се дел од системот на натпреварување на РФМ денес ги одиграа своите натпревари од првото коло.

Нашата најмлада екипа и дебитант во пионерската конкуренција ЖРК КЛ7 забележа висок пораз од Делчево Вардар со 12:38. Иако на стартот одлично започнаа со водство од 2:1 и неколку напади за поголема разлика, но сепак не ги искористивме шансите и за брзо нашиот поискусен противник направи предност од 2:8, а на полувреме замина со максимални 5:15. Вториот дел започна во исто темпо, противникот многу лесно го „наоѓаше“ голот на нашите пионерки па на крајот конечениот резултат гласеше 12:38.

ЖРК КЛ7 – Делчево Вардар 12:38 (5:15)

ЖРК КЛ7: Самандова, Пенева, Георгиевска, Трајковска, Ѓорговска 1, Стефановска, Блажевска 5, Додевска, Костенчева 3, Лазаровска, Аврамовска, Блажевска 1, Брљамова 2, Анчевска, Беровиќ, Перинска

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 4 мин

Екипата на КЛ7 Струга забележа висока победа во воведниот натпревар во групата 1 против екипата на Преспа Вардар со 30:11.

Натпреварот го отворивме со серија од 4:1 и веќе во 15. минута резултатот беше 11:4, а до крајот на првото полувреме дојдовме и до максимални 10 погодоци разлика односно 15:5. Второто полувреме разликата продолжување да расте за конечни 30:11

Во следниот натпревар КЛ7 Струга е гостин на РК Сани

КЛ7 Струга – Преспа Вардар 30:11 (15:5)

КЛ7 Струга: Спироски, Домазетовски, Илиевски 1, Џигероски 6, Шапески, Стрезоски 4, Кочоски 4, Галевски, Шулески 12, Попоски, Маркоски 2, Танкоски, Мариноски 1, Чакар

Седмерци: / Исклучувања: 4 мин

Пионерите од Скопје беа многу блиску да ја изненадат екипата на РК Бутел но на крај ќе мора да се задоволат со еден бод. Иако одлично го започнаа натпреварот со водсто од 1:6, сепак домаќинот успеа да се врати во игра и на крајот од полувреме да заминат со негатива од само 2 голови односно 10:12

Во вториот дел во неколку наврати имавме предност од три погодоци но крајот од натпреварот му припадна на нашиот противник кој успеа да направи серија од 4:1 и да дојде до израмнување 18:18 и напад за победа. Сепак нашите момци го одбранија последниот напад и заминуваат со заслужен бод од гостувањето во Бутел

КЛ7 Скопје – РК  Бутел 18:18 10:12

КЛ7 Скопје: Д. Пасковски, М. Пасковски 2, Зафировски 8, Проданов 5, Глигоров, Тричковски 1, Ниновски, Трајков, Василевски, Продановски 2.

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 4 мин

Втората победа во пионерска конкуренција за КЛ7 ја донесоа пионерите од Свети Николе кои ги совладаа своите врсници од Струмица односно екипата на РК Астраион со резултат 17:13. Во следното коло КЛ7 Свети Николе ќе се сретне со екипата на ГРК Тиквеш

 

2019-09-21T18:14:15+00:00 September 21st, 2019|Главни Новости|0 Comments