Златe Стојковски го одржа првиот тренинг на школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ во Велес

//Златe Стојковски го одржа првиот тренинг на школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ во Велес

Златe Стојковски го одржа првиот тренинг на школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ во Велес

Во Велес вчера започна да работи 15-та школа КЛ7. Град во чија спортска историја ракометот си има свои златни страници и години. Интересот постои и денес а преку отворањето на школата во градот во кој во 1995/96 играше и капитенот децата ќе имаат можност од својата 6 година да ги учат првите “букви” во ракометната азбука.

Тренер е Златe Стојковски некогашен ракометар и тренер на велешки  „Борец“, воедно и дипл.професор по физичка култура. Првиот тренинг децата вчера го имаа во салата на ОУ “Васил Главинов”. Тие беа пречекани од организаторот на школите, нивниот тренер, а поздрав и добредојде за семејството КЛ7 на нашите велешанчиња им посака и директорот на училиштето г- динот Сашко Чоков.

Планирано е тренинзи да се одвиваат и во спортската сала на ОУ “Блаже Конески”. Уписите се во тек , посакуваме многу среќа на Велес и се надеваме дека едно од овие деца кои допрва почнуваат ќе тргнат по стапките на најголемите македонски ракометни имиња чии роден град е Велес, Пепи Манасков и Кирил Лазаров.

Се гледаме во сала

2019-09-12T11:57:35+00:00 September 12th, 2019|Велес|0 Comments