Победа и пораз за КЛ7 на вториот ден од меѓународниот турнир во Бања Лука

//Победа и пораз за КЛ7 на вториот ден од меѓународниот турнир во Бања Лука

Победа и пораз за КЛ7 на вториот ден од меѓународниот турнир во Бања Лука

Вториот ден од меѓународниот турнир во Бања Лука на нашите кадети им донесе еден пораз и една победа.

Најпрво утринава бевме совладани од кадетите на ППД Загреб со 18:25. Првиот дел од натпреварот одлично го започнавме и имавме водство се до 15 минута. Потоа кадетите на Загреб ја превземаа контолата на натпреварот, најпрво заминаа на пауза со 8:11, а потоа и вториот дел го решија уште поубедливо со седум погодоци предносно односно 18:25.

Вториот натпревар го одигравме многу подобро против Вировитица, во текот на целиот дуел ја имавме контролата на играта, прво на полувреме заминавме со 9:12, а на крајот славевме со 22:26

Со оваа победа нашите кадети групата ја завршија на третото место позади екипите на Металопластика и ППД Загреб. Утре од 11 часот кадетите ќе го одиграат последниот натпревар на овој турнир, натпревар за 5-тото место.

2019-09-07T16:45:01+00:00 September 7th, 2019|КЛ7|0 Comments