КЛ7 ја забележа првата победа во Бања Лука

//КЛ7 ја забележа првата победа во Бања Лука

КЛ7 ја забележа првата победа во Бања Лука

Нашите кадети во рок од 5 часа го одиграа и вториот натпревар од меѓународниот турнир во Бања Лука, по тесниот поразот од Металопластика нашата екипа забележа убедлива победа против екипата на Црвена Ѕвезда со 31:24

Натпреварот започна израмнето се играше гол за гол се до 15 минута кога резултатот гласеше 9:9, потоа нашата одбрана успеа да прими само 2 погодоци а да постигне седум погодоци за 10 минути и конечен резултат после 25. минута игра 16:11

Второто полувреме почна во истиот ритам како што заврши и првото, нашите момци продолжија со одличната игра во одбрана па за 10 минути дојдовме и до максимални осум погодоци предност односно 26:18. Конечниот резултат беше 31:24.

Утре(07.09) не очекуваат два нови дуели, прво од 10 часот играме со ППД Загреб, а вториот дуел е закажан од 15:15 со екипата на Вировитица.

Целиот натпревар можете да го погледнете на:

2019-09-06T20:43:33+00:00 September 6th, 2019|Главни Новости|0 Comments