Кадетите на КЛ7 го одиграа првиот натпревар на турнирот Hand to Hand

//Кадетите на КЛ7 го одиграа првиот натпревар на турнирот Hand to Hand

Кадетите на КЛ7 го одиграа првиот натпревар на турнирот Hand to Hand

Денеска во Бања Лука започна вториот меѓународен младински турнир „Hand to Hand“. Дел од овој силен турнир овој викенд ќе бидат и нашите кадети кои се во група со Загреб и Металопластика, клубови кои се поранешни освојувачи на Лигата на Шампиони.

По пристигнувањето нашите момци ги очекуваше и првиот натпревар, против Металопластика која го започна доста силно и за брзо време поведе со 8:4. Се обидувавме да се вративме резултатски но Металопластика успешно го држеше водството, на полувреме заминаа со три погодоци предност

Во второто полувреме повторно се обидувавме да направиме резултатски пресврт но никако не успевме да намалиме под два  погодоци предност. На крајот конечниот резулат е 25:22.

Следниот натпревар е исто денес од 18:40 против екипата на Црвена Ѕвезда

2019-09-06T15:28:52+00:00 September 6th, 2019|КЛ7|0 Comments