Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ со тренинзи и во Општина Карпош

//Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ со тренинзи и во Општина Карпош

Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ со тренинзи и во Општина Карпош

Оваа сезона со тренинзи школата на Капитенот ќе започне и во Општина Карпош. Тоа ќе биде наша четврта школа во главниот град, после Аеродром (ОУ „Блаже Конески“) Кисела Вода (ОУ „Кирил  Пејќиновиќ“ и ОУ „Круме Кепески“) и Драчево (ОУ „Кузман Шапкарев“)

Тренинзите ќе ги одржи нашиот поранешен македонски репрезентативец проф. Влатко Котески.

„Среќен сум што школата за ракомет Кирил Лазаров ќе започне со работа и во Општина Карпош. Многу ми е важно да пренесеме и да ги научиме најмладите на здравите навики. Преку ракометот и преку игра, децата да се забавуваат и дружат“

Тренинзите на децата од Општина Карпош ќе се одржуваат три пати неделно и тоа вторник(18:00), четврток (18:00) и петок (17:00) во ОУ „Лазо Трповски“

Повеќе информации можете да добите на телефонскиот број: 072 205 959

2019-09-06T08:38:43+00:00 September 5th, 2019|Главни Новости|0 Comments