Кадетите на КЛ7 дел од меѓународниот турнир “HAND TO HAND 2019“ во Бања Лука

//Кадетите на КЛ7 дел од меѓународниот турнир “HAND TO HAND 2019“ во Бања Лука

Кадетите на КЛ7 дел од меѓународниот турнир “HAND TO HAND 2019“ во Бања Лука

Викендот кој што е пред нас Бања Лука ќе биде домаќин на преку 400 учесници на вториот меѓународен младински турнир ” HAND TO HAND 2019″ . Собир на ракометната надеж кој се организира во чест и спомен на легендарниот Момир Момо Голиќ, ракометарот кој беше дел од неповторливата генерација на бањалучкиот ” Борац” играч кој својата ракометна приказна ја почна во овој клуб, кому му остана верен до последно.Со овој турнир неговата приказна живее. На турнирот учествуаат 2002 и помали распоредени во следните групи.

2002 генерација

Група А   
ППД Загреб
Металопластика
КЛ7
Црвена Звезда
Вировитица
Група Б
Војводина
Борац М: тел
Академија Македонија
SKURU IK
Максимир Пастела

2004 генерација

Група А   
Максимир Пастела
Веспрем
Кизара К Дубица
Вировитица
Група Б
ППД Загреб
Борац М: тел
Локомотива Брчко
Војводина

Сите екипи имаат по 5 натпревари. Прваците од групата У17 играат во финале а останатите за пласман. Првите 2 екипи од У 15 играат полуфинале а останатите разигруваат за пласман.

Кадетите на КЛ7 кои за првпат настапуваат на меѓународен турнир , во група се со Загреб и Металопластика, клубови кои се поранешни европски прваци во сениорски конкуренции , односно освојувачи на Лигата на Шампиони.

Натпреварите од 6 до 8 септември во градот под Врбас ќе се играат на 3 локации Спортскиот центар “Борик” , Спортската сала “Центар” и во УСД( Кампус) .

Од Македонија учесник на турнирот ќе биде и екипата на Ракометната Академија.

Промотери на ” Hand to hand” се силните ракометни имиња Андреј Голиќ и Даниел Шариќ, а организаторот најавува дека ова ќе биде еден преубав викенд во кој ќе има и многу повеќе содржини не само ракомет

2019-09-02T10:35:32+00:00 September 2nd, 2019|КЛ7|0 Comments