Нов суперлигашки тест за КЛ7

//Нов суперлигашки тест за КЛ7

Нов суперлигашки тест за КЛ7

После Охрид нашите ракометари се „преселија“ во Битола каде ќе одиграат неколку пријателски натпревари со суперлигашот Пелистер во спортската сала „Боро Чурлевски“

Првата беше одиграна вчера навечер и заврши со победа на нашата екипа со конечен резултат 26:31.

Во текот на целиот натпревар имавме резултатска контрола на натпреварот. За брзо поведовме со 1:3, потоа зголемивме на 3:6 што ни  даде сигурност во играта за да ја одржиме предноста на полувреме на 11:15 и на крај 26:31.

Денес ќе биде одигран уште еден тест натпревар со екипата на Пелистер, по што нашите момци се враќаат во Скопје.

2019-08-30T07:01:00+00:00 August 30th, 2019|КЛ7|0 Comments