Нова контролна средба со суперлигашот РК Охрид

//Нова контролна средба со суперлигашот РК Охрид

Нова контролна средба со суперлигашот РК Охрид

Во период од една недела ја одигравме и нашата трета средба со екипата на РК Охрид. По кадетските екипи, овој пат сениорите беа на ред.

Видовме сличен натпревар како и во Скопје, игравме одлично на почетокот, односно се до 23. минута кога резултатот беше 8:8, потоа следеше серија на домаќинот од 7:1 што беше доволно и за победа на крајот.

На полувреме резултатот гласеше 15:9 додека конечниот резултат беше 31:21. Ова беше уште една одлична можност за тренерот Андон Бошковски да тестира против силен суперлигаш.

 

2019-08-29T10:13:38+00:00 August 29th, 2019|КЛ7|0 Comments