Младинските екипи на КЛ7 ги дознаа своите групи и противници

/, Кисела Вода, КЛ7, Св. Николе, Струга/Младинските екипи на КЛ7 ги дознаа своите групи и противници

Младинските екипи на КЛ7 ги дознаа своите групи и противници

Денеска ракометната федерација на Македонија ги извлече стартните броеви за новата сезона во младинските, кадетските и пионерските лиги во двете конкуренции.

КЛ7 покрај тоа што за прв пат има пријавено сениорска екипа и ќе се натпреварува во Првата македонска лига, има и рекорден број на пријавени екипи во младинските категории.

Екипата на КЛ7 Струга која минатата сезона го оствари својот најдобар пласман, покрај тоа што беше единствената екипа која се пласира на сите финални завршници, успеа и да го освои првото место во кадетска конкуренција, за оваа сезона повторно ќе се натпреварува на сите фронтови, пионерска, кадетска и младинска лига.

КЛ7 Свети Николе, за оваа сезона свои екипи ќе има во пионерската и кадетска лига. Додека во Скопје, КЛ7 покрај младинската, кадетската и пионерската лига, за прв пат ќе има екипа и во женска конкуренција, која ќе биде дел од пионерската лига на РФМ.

ПИОНЕРИ

Нашите пионерки се најдоа во група 1 со следните противници: ЖРК Металург, ЖРК Вардар, Аеродром, Алушовски, ЖРК Куманово, Ѓорче Петров, Делчево Вардар, РК Драчево и Велкова. Во првото коло нашите девојки ќе играат дома против екипата на Делчево. Почеток на првенство е 21/22 септември

Пионерска лига ќе биде поделена во три групи и КЛ7 ќе по еден преставник во секоја од нив. Почетокот на првенство е закажан за 14/15 септември

Во првата група пионерите од Струга ќе се натпреваруваат со: Сани (Охрид), Енхалон (Струга), ГРК Охрид(Охрид), РК Струга (Струга), Преспа Вардар (Ресен), Пелистер (Битола), Еурофарм(Битола). Во првото коло ќе ја пречекаме екипата на Преспа Вардар

Во група 2. пионерите од Свети Николе ќе се сретнат со Текстилец (Штип), Астраион (Струмица), Младинец 2015 (Кочани), Бисинов Вардар (Велес) и ГРК Тиквеш (Кавадарци). Во првото коло ќе ја пречекаме екипата на Астраион од Струмица.

Во последната и најбројна група нашите пионери од Скопје ќе се натпреваруваат со: Рисови, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Алушовски, Ринија, Металург 2, Вардар и Шампион. Во првото коло ќе гостуваме кај екипата на Бутел.

КАДЕТИ

Кадетите својот почеток ќе го имаат на 21 септември и ќе бидат поделени во 4 групи.

КЛ7 се најде во втората група заедно со екипите на: Аеродром (Скопје), Ангели Волково (Скопје), Велес 2009 (Велес), Кромак (Тетово), МРК Куманово (Куманово) и РК Металург (Скопје). Во првото коло нашите кадети од Скопје патуваат за Велес.

Свети Николе во третата група ќе се натпреварува со: Астраион (Струмица), Вардар Неготино (Неготино), Весна Акумулатори (Пробиштип), Делчево Вардар (Делчево), Партизан 2016 – Спорт (Гевгелија), РК Радовиш (Радовиш), РК Тиквеш 2014 (Кавадарци). Во првото коло ќе гостуваме во Струмица кај Астраион.

Во последната, четврта група КЛ7 Струга е заедно со: Енхалон (Струга), Еурофарм Работник (Битола), РК Гого (Кичево), Кале М&К Вардар (Кичево), Младост Јуниори Вардар (Ресен), Охрид 2013 (Охрид), Пелистер (Битола), РК Прилеп (Прилеп) и РК Струга (Струга). Како и минатата сезона повторно на почетокот ќе играме со Струга.

МЛАДИНЦИ

Машката младинска лига која ќе започне на 6 октомври, повторно ќе биде поделена на две групи. Нашите преставници од Скопје и Струга ќе играат во втората група заедно со Металург (Скопје), Бутел (Скопје), РК Струга (Струга), РК Вардар (Скопје), Јуниор КВ (Скопје) и Работнички (Скопје). Во првото коло КЛ7 Струга ќе го пречека Вардар, додека КЛ7 ќе гостува кај екипата на РК Бутел.