Продолжуваат подготовките на КЛ7 пред почетокот на сезоната

//Продолжуваат подготовките на КЛ7 пред почетокот на сезоната

Продолжуваат подготовките на КЛ7 пред почетокот на сезоната

Нашите момци веќе се во комплексот Аквалија,  и ги продолжија своите припреми за новата сезона. Тренерот Андон Бошковски во Охрид ќе ги има на  располагање сите играчи откако од своите репрезентативни обврски се вратија Симоноски, Стојков, Џигероски, Каковски и Ѓеоргиев.

Вториот дел од оваа подготвителната фаза ќе биде составен од тренинзи на отворено каде ќе се работи на координација и снага и тренинзи во сала. Предвиден е и пријателски натпревар со екипата на РК Охрид. А во четврток ќе заминеме за Битола каде ќе одиграме два пријателски натпревари прво со екипата на РК Еурофарм Работник, а попладне со РК Пелистер.

По враќањето во Скопје, следи пауза потоа екипата ќе замине на силен интернационален турнир во Бања Лука.

2019-08-24T15:35:48+00:00 August 24th, 2019|КЛ7|0 Comments