Во Прилеп се отвора 16 -та школа на капитенот

/, Прилеп/Во Прилеп се отвора 16 -та школа на капитенот

Во Прилеп се отвора 16 -та школа на капитенот

Без оглед на годините кои поминале за многумина и денес првите најсилни спортски асоцијацијии за градот на тутунот се “Победа” и ” Тутунски комбинат”. А ракометот како спорт број еден во Македонија своја приказна и денес си има во градот првоборец Прилеп. Нова страница во неа од оваа учебна година ќе испишува и отворањето на школата за ракомет “Кирил Лазаров 7”. Спортот се засакува од дете а таа љубов ако правилно се негува преку дисциплина и напорна работа еден ден ќе ги даде своите плодови. Оваа одговорност за подмладокот на семејството КЛ7 од Прилеп му е доделена на некогашниот репрезентативец на Макединија роден прилепчанец Менде Петлески. Кој своевремено беше играч на: Тутунски Комбинат Прилеп, Вардар Про Скопје, МРК Вардар Скопје.

Денес е дипломиран професор по физичко и здравствено образование-спорт и здравје, и дипломиран тренер по ракомет.

“По завршувањето на кариерата почнав да работам како професор во СОУ гимназија Мирче Ацев Прилеп.Во меѓувреме влегов и во тренерските води во женската екипа ЖРК Жито Прилеп, потоа продолжив како тренер во машката екипа РК Прилеп, со што почнав да ја усовршувам кариерата како ракометен тренер. Но сега се чувствувам среќен и возбуден затоа што мене ми е доделена одговорноста во нашиот ракометен Прилеп дс ја имам задачата да бидам тренер и дел од најдобрата школа во Македонија, Задоволен сум што јас ќе ги поставам темелите во нашиот град за школата на Кирил Лазаров “ , ни изјави Петлески.

Термините за работа на школата на капитенот во Прилеп ќе бидат во понеделник, среда, и петок во салата на СУ ,Кузман Јосифовски Питу “. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 075/551-818

Се гледаме во сала!

2019-08-22T14:46:52+00:00 August 22nd, 2019|Главни Новости, Прилеп|0 Comments