КЛ7 го одигра првиот пријателски натпревар

/, КЛ7/КЛ7 го одигра првиот пријателски натпревар

КЛ7 го одигра првиот пријателски натпревар

Екипата на КЛ7, денеска го одигра својот прв натпревар, а за противник го имаше новиот суперлигаш тимот на РК Работнички.

Нашите млади момци одлично се спротивставија на поискусната екипа која од оваа сезона ќе игра во суперлигата.

Натпреварот започна во израмнета борба и се играше гол за гол се до 17. минута кога гостите најпрво поведоа со два разлика односно 8:10 а потоа и со четири голови 9:13, предност што ја одржаа до крајот на првото полувреме, односно 14:18.

Второто полувреме продолжи во ист ритам, противникот ја одржуваше предноста и не дозволи нашите момци да се приближат резултатски за на крај да гласи 29:33

Следниот пријателски натпревар нашите момци ќе го одиграат веќе утре а наш противник ке биде повторно екипа од суперлигата, РК Охрид. Натпреварот ќе започне од 17:30 часот во спортската сала на ОУ „Круме Кепески“

 

2019-08-20T20:07:22+00:00 August 20th, 2019|Главни Новости, КЛ7|0 Comments