Пионерите на КЛ7 ги започнаа подготовките за новата сезона

/, Кисела Вода, Св. Николе, Струга/Пионерите на КЛ7 ги започнаа подготовките за новата сезона

Пионерите на КЛ7 ги започнаа подготовките за новата сезона

Нашите најмлади ракометари, пионерите ги започнаа своите подготовки за новата сезона. Како и минатата сезона, КЛ7 ќе има три екипи кои ќе се натпреваруваа во пионерската машка ракометна лига на РФМ, а тоа се екипите на КЛ7 Свети Николе предводени од Илија Јанев и Илија Конев, екипата на КЛ7 Струга која минатата сезона беше вицешампион во пионерска конкуренција, повторно ќе биде предводена од Дејан Коцарески и нашата најмлада екипа КЛ7 Кисела Вода предводена од Иван Никчевиќ и Влатко Котески.

Оваа сезона право на учество ќе имаат пионери родени 2004 год. и помлади. КЛ7 ќе продолжи да се залага во сите наши екипи шанса за играње да добијат и многу помлади ракометари.