Прва победа на Македонија, Симоноски одличен на линијата од шест метри

//Прва победа на Македонија, Симоноски одличен на линијата од шест метри

Прва победа на Македонија, Симоноски одличен на линијата од шест метри

По поразот од Аргентина во првото коло, македонските кадети ја забележаа првата победа на светското првенство кое се одржува во Скопје.

По долга битка совлада беше репрезентацијата на Нигерија која се покажа како одличен противник и кој ни зададе голема мака во сите 60 минути.

Но на крај успеавме да славиме во натпревар каде беа постигнати вкупно 71 погодок, а крајниот резултати гласеше 37:34.

Одличен натпревар одигра нашиот кадет од КЛ7 Струга Кристијан Симоноски кој имаше 5 од 5 од линијата на шест метри а и неколку пати беше фаулиран за исклучувања и седмерци. Дејан Џигероски го заврши натпреварот со еден погодок и три асистенции. Третиот наш репрезентативец Александар Стојков не беше дел од составот за овој натпревар.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Костески со 13 погодоци кој беше прогласен за играч на натпреварот.

Македонија денеска ги продолжува натпреварите на СП, следен протиник е Бахреин кој исто така има 2 бодови.

 

2019-08-09T08:36:10+00:00 August 9th, 2019|Главни Новости|0 Comments