Македонија се „пласира“ во осминафиналето на СП за кадети

//Македонија се „пласира“ во осминафиналето на СП за кадети

Македонија се „пласира“ во осминафиналето на СП за кадети

Македонија вечерва ја оствари својата втора победа во низа и практично се пласира во осминафиналето на светското првенство за кадети.

Како и на натпреварот со Нигерија нашите момци повторно водеа борба во текот на сите 60 минути за да дојдат до нови 2 бодови. Остваривме победа со резултат 25:27(12-9).

Нашите кадети од КЛ7 Струга повторно се запишаа на листата на стрелците, Симоноски и Џигероски постигнаа по еден погодок од исто толку обиди.

Следен натпревар на Македонија е во недела против фаворитот Данска, кој доколку го совладаме ќе избиеме на првата позиција во групата Ц

 

2019-08-09T20:28:05+00:00 August 9th, 2019|Главни Новости|0 Comments