Македонија домаќин на СП за кадети, КЛ7 со тројца репрезентативци

//Македонија домаќин на СП за кадети, КЛ7 со тројца репрезентативци

Македонија домаќин на СП за кадети, КЛ7 со тројца репрезентативци

Од денеска Македонија е домаќин на Светското првенство за кадети кое ќе се одржува до 18ти август во спортските центри „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ во Скопје.

Македонија на СП ќе биде дел од групата Ц, каде што противници ќе им бидат врсниците од Аргентина, Данска, Бахреин, Јапонија и од Нигерија.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра денеска против Аргетина од 20:30, а следен натпревар е во четврток на 8ми август против селекцијата на Нигерија. Ден подоцна играме со Бахреин, а 11ти август е резервиран за дуелот со Данска. Последниот натпревар во групата ќе го одиграме со Јапонија на 12ти август. Сите наши натпревари ќе ги одиграме во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:30 часот

Дел од ова големо светско натпреварување ќе бидат и нашите кадети од КЛ7 Струга, односно Кристијан Симоноски, Дејан Џигероски и Александар Стојков.

И посакуваме многу среќа и успех на нашата репрезентација.

2019-08-06T14:37:44+00:00 August 6th, 2019|Главни Новости|0 Comments