Лазаров: Растеме пополека но сигурно, за секој проект е потребно време

//Лазаров: Растеме пополека но сигурно, за секој проект е потребно време

Лазаров: Растеме пополека но сигурно, за секој проект е потребно време

Оваа година започнува третата сезона од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“. Моментално функционираме во повеќе од 17 школи во 10 градови. Темелот на овој проект се нашите тренери кои работат секојдневно со нашите дечиња преку целата година, а идејата и творецот на оваа идеја е нашиот најдобар македонски спортист и капитен на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров кој во интервју за Сител телевизија зборуваше за неговата школа за ракомет.

„После ракометниот камп ни дојде идеја да отвориме ракометни школи низ Македонија со оглед на тоа што ракомет е спорт број 1 и постои голема заинтересираност за него. Почуствуваме дека на Македонија и е потребно и еве сега ја завршивме втората година од постоењето на школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“. Растеме пополека но сигурно, имам добар тим составено каде што заедно работиме и се консултираме. Иако сме на самиот почеток веќе не има во повеќе од 10 градови со приближно околу 1000 дечиња, тоа е за поздрав и не е воопшто лесно да се организира. За сега постигнавме квантитет и допрва треба да работиме на квалитет, но за секој проект е потребно време.“

„Соработуваме добро со сите наши тренери, затоа и пробуваме на сите од нив да им дадеме шанса да бидат присутни на ракометниот камп во лето за да може да се надградат од нивните поискусни колеги тренери, односно тоа за нив да биде едно ново искуство а потоа тоа искуство да го пренесат на децата во нивните школи“

„Има приказна помеѓу ракометниот камп и школата за ракомет и се надевам дека како што растеше кампот така ќе расте и школата за ракомет.  Иако воопшто не е лесно, затоа што во секој град потребно да имаш квалитетна инфраструктура, квалитени луѓе, не е само да собереш деца и да ги тренираш. Треба да тренираш квалитетно, да научат правилно и да се види напредок. Работиме на тоа некаде подобро некаде малку полошо но кога ќе се земе се во предвид сме задоволни и како што поминува времето ќе бидеме се поквалитетни.“ заврши Кирил Лазаров

Покрај нашите школи кои се наоѓаат во Скопје, Куманово, Свети Николе, Облешево-Чешиново, Делчево, Богданци, Стојаково, Струга, Охрид и Тетово, од оваа година семејството на КЛ7 свои школи ќе има и во Прилеп, Велес и Гевгелија.

2019-07-22T13:04:01+00:00 July 22nd, 2019|Главни Новости|0 Comments