Во Делчево се одигра последниот КЛ7 Куп – Исток за оваа сезона

//Во Делчево се одигра последниот КЛ7 Куп – Исток за оваа сезона

Во Делчево се одигра последниот КЛ7 Куп – Исток за оваа сезона

Викендов во Делчево се одигра последниот КЛ7 Куп Исток за оваа ракометна сезона на кој учествуваа повеќе од 120 деца.

Покрај КЛ7 Делчево на овој Куп стандардно беа присутни и нашите школи од истокот, како КЛ7 Богданци, КЛ7 Свети Николе, КЛ7 Стојаково и КЛ7 Чешиново Облешево.

„Денес е празник на ракометот во Делчево, најмладите категории на ракометари од источниот регион кои тренираат како дел од ракометната школа на еден од најдобрите македонски ракометари Кирил Лазаров, денес дојдоа во Делчево и означија крај на сезоната со завршниот КЛ7 Куп Исток. Учествуваа отприлика околу 120 дечиња, од Делчево, Богданци, Свети Николе, Чешиново-Облешево и Стојаково кои дадоа се од себе, да се претстават во најдобро светло“, изјави Димитровски кој е дел од тренерите кои работат со дечињата во школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“

Фото и видео: delcevo365.mk

2019-06-10T11:05:09+00:00 June 10th, 2019|Главни Новости|0 Comments